Тешко повреден пешак во Тетово, возачот избегал на местото на несреќата

архивска илустрација

Пешак од село Мала Речица се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од од моторно возило на булeварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера околу 16,30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „фиат браво“, со непознати регистарски ознаки, удрило во пешакот А.А. на 57 години од Мала Речица, тетовско, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.А., констатирани во Клинички центар Тетово, посочуваат од МВР во редовниот дневен Билтен.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.