Тешко повредена скопјанка, ја удрил автомобил

На 25.10.2023 во 20:40 часот било пријавено дека во Скопје на ул. „11-ти Октомври“ патничко моторно возило „тојота корола“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Е.К.(33) од Кавадарци, удрило во Л.С.(47) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.