
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва, пред околу половина час, кај кружниот тек во Порта Влае.
Во моментот на терен полицијата прави увид, а присутно е и амбулантно возило. Се’ уште нема конкретни информации за тоа што точно се случило. Неофицијално повредени се жена и три деца. Тие се префрлени во Ургентниот центар.
При сообрајката, еден автомобил „матиз“ е превртен, а другиот учесник во сударот е такси возило.