Млад мотоциклист е хоспитализиран на скопскиот Клинички центар со серозни повреди откако со својот скутер се судрил со автомобил во четвртокот попладнето во скопската населба Маџари.
Имено, вчера околу 17,15 часот на улицата „Маџари“ се случила сообраќајна незгода меѓу моторцикл „трува“ со скопски регистарски ознаки управуван од 21-годишниот К.Н. (21) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“, исто така, со скопски регистарски ознаки управувано од 55-годишниот скопјанец Л.Б. (55).
Од незгодата со тешки телесни повреди се задобил К.Н. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде е задржан на натамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.