Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје

фото Ѕид на сообраќајниот срем

Тешка сообраќајна несреќа во којашто најмалку еден пешак е тешко настрадан се случи вечерва во центарот на Скопје, на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Климент Охридски“, кај Соборниот храм, пренесуваат очевидци на социјалните мрежи.

Според постовите на очевидци, очевидци најтешко настрадал пешак кој стоел на тротоарот најверојатно во намера да ја мине улицата, откако во воздухи бил отфрлен неколку метри од еден од автомобилите кои учествувале во инцидентот.

На местото на несреќата во моментов се врши увид и засега нема официјални информации за незгодата. Според приложените фотографии и изјави на сведоци, најверојатно станува збор за неприлагодена брзина и непочитување на светлосната сигнализација.