Седумгодишно девојче било прегазено од комби, вчера во скопското село Морани, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 16.30 часот.
Тогаш комби „Форд Транзит“ со скопски регистерски ознаки управувано од Џ.В.(50) удрило во девојчето. Повреденото дете со друго возило било пренесено во Поликлиниката Драчево, а од таму со возило на Итна медицинска помош била препратена во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“.
Таму и биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана е на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.