Тесла Моторс остварила профит од 311,5 милиони долари во третиот квартал, што е само трета квартална добивка во 15-годишното постоење на производителот на електрични автомобили, благодарение на силниот раст на приходите.
Според работниот извештај, објавен во средата, Тесла во последниот квартал остварил приходи од 6,8 милијарди американски долари, двојно повеќе од истиот период минатата година. Како резултат на тоа вредноста на акциите на компанијата скокна за повеќе од 10 проценти по објавувањето на резултатите.
Бидејќи последен пат Тесла оствари квартална добивка во 2016 година, овие резултати претставуваат победа на извршниот директор и основач на компанијата, Елон Маск кој во последно време е во конфликт со аналитичарите и инвеститорите на Вол Стрит, но и со регулаторите на пазарите.
Растот на приходите на компанијата се должат на зголеменото производство. Тесла во изминатово тромесечје произведе повеќе од 80.000 возила, од кои повеќе од 60 проценти се Модел 3с.
Нарачките за автомобили Тесла пораснаа вртоглаво, но инвеститорите се плашеа дека компанијата нема да може да се постигне планираното производство, и дека тоа ќе доведе до откажување на нарачките.
Mеѓутоа, во извештајот се укажува на тоа дека само околу една петтина од вкупно 455.000 нарачки од 2017 година се откажани.