Против последно пласираниот Беневенто, кој сѐ уште нема освоени ниту бод, актуелниот шампион Јувентус во неделата во рамките на 12-то коло од италијанското фудбалско првенство славеше со 2:1, иако гостите поведоа.
Беневенто поведе во 19 минута со голот на Чичерити, меѓутоа работите дојдоа на свое место во второто полувреме кога прецизни беа Гонзало Игуаин во 57 и Хуан Квадрадо во 65 минута.
Во првиот меч од неделната програма Интер на домашен терен против Торино одигра 1:1. Гостие поведоа во 9 минута преку Фалкуе Лаго. Интер, кој во поголемиот дел од натпреварот доминираше, до изедначувањето дојде во 79 минута преку Едер.
Водечкиот Наполи на гости кај Киево одигра само 0:0, а натпреварот меѓу Лацио и Удиензе е одложен поради силен дожд.
Фиорентина дома беше поразена со 2:4 од Рома. Герсон во 5 и 30 минута, како и Костас Манолс во 50 и Диего Перети во 87 минута беа стрелци за римската „волчица“, додека стрелци за домашните беа Жордан Верету во 9 и Џовани Симеоне во 39 минута.
Каљари со целосен пресврт со 2:1 ја совлада Верона. Гостите поведоа во 6 минута со голот на Бруно Ѕукулини, а домашните дојдоа до трите бода со головите на Лука Капители во 28 и Паоло Фараго во 85 минута.
Водечкиот Наполи сега има 32 бодови, но Јувентус сега се приближи на само бод разлика и има 31 бод, додека Интер е трет со 30 бодови, но може да биде надминат од Лацио кој има 28 бодови и натпревар помалку, како и од Рома со 27 бодови.