Тевез: Меси е душата на Аргентина, тој мора да остане

Аргентинецот Карлос Тевез апелираше до сонародникот Лионел Меси да не ја напушти репрезентацијата по лошиот резултат на Светското првенство во Русија.„Гаучосите“ загубија во осминафиналето од подоцнежниот шампион, Франција. Во групната фаза, тимот на Хорхе Сампаоли загуби од Хрватска, ремизираше со Исланд, а ја победи само Нигерија.

Меси на тој начин остана без ниту еден трофеј со националниот тим во сениорската конкуренција.

Лео мора да мисли за себе. Ако не постои проект кој го прави среќен, тешко дека би ја презел одговорноста да ја води Аргентина. Трошиме многу време со тоа што не му помогаме да го оствари она што тој го сака. Како фудбалер и како Аргентинец велам дека ни е потребен, затоа што тој е душата на националниот тим. Се додека игра ќе биде така, бидејќи тој е најголемиот и мора да ја преземе одговорноста, вели Тевез.