
Ајде сите заедно да направиме големи работи, големи чекори напред, да ја создадеме иднината сега, таа нова иднина која сите ја посакуваме, повика Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во општина Центар.
Мицкоски вели дека ништо не е невозможно, победат е на дофат, повикувајќи ги граѓаните да покажат дека промените се можни, а клучот е во излезноста.
„Уште само еден чекор не дели од она за кое сите заедно сонуваме. Ништо не е невозможно. Победата е на дофат. Излезноста е клучот. Тие сакаат да наведнете глава, ние велиме – Гордо напред и Главата горе! Да покажеме дека промените се можни и дека тие не се ништо друго освен вашата сила и неумолива желба, надеж и стремеж за подобра, нова иднина. Затоа што вие и само вие сте силата на Македонија !Уште само еден чекор до новата заедничка иднина“, истакна Мицкоски.