Тихановскаја очекува дијалог со Лукашенко за нови избори

Опозицискиот кандидат на неодамнешните претседателски избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја очекува наскоро да започне дијалогот со властите на Александар Лукашенко, пренесува полскиот весник „Газета Виборча“.

Светлана Тихановскаја изјавила дека очекува разговори во скоро, но  нема повторно да се кандидира во случај на распишување нови избори, сепак не исклучувајќи ја можноста тоа да го стори нејзиниот сопруг.

„Премногу е рано да се зборува за тоа. Примарната цел е нови избори“, истакнала Тихановскаја.

Белорусија се соочува со најголемиот предизвик по напуштањето на Советскиот сојуз, затоа што десетици илјади незадоволни граѓани протестираат секој ден и ја отфрлаат победата на Лукашенко на претседателските избори што се одржаа на 9 август, објави Ројтерс.

Додека опозицијата бара преговори за трансфер на власта, белоруските државни власти подигаат обвиненија против демонстрантите во обид да ја заземат власта илегално.