Тимерманс ги призна грешките на ЕУ во стратегијата за вакцинирање против коронавирусот

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, призна дека Европската унија направила грешки во осмислувањето на стратетигијата за вакцинирањето против коронавирусот за земјите членки, пренесува во неделата германската новинска агенцијата DPA.

„Точно е дека во Брисел и во државите членки се згреши во нарачките на вакцините. Подготвен сум на крајот од пандемијата на преиспитување и тогаш можеме да видиме што погрешно направивме и што добро направивме“, изјавил Тимерманс во интервјуто за неделното издание на весникот Tagesspiegel.

Првото што, сепак, треба да се стори е да се обезбеди „сите Европејци да ја добијат вакцината“, додава Тимерманс.

Пристапот на ЕУ е „во интерес и на побогатите држави членки“, како што е Германија, додава во истото интервју, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Европската комисија нарачала вкупно најмалку 1,4 милијарди дози од четири вакцини одобрени во ЕУ, што би требало да биде повеќе од доволно за нејзините 450 милиони жители. Но сега е изложена на остри критики поради колебањето во пристапот и стратешките грешки во порачките на вакцините.

Некои членки го сметаат за неправеден системот за распределба на вакцините. Премиерите на Австрија, Бугарија, Латвија, Словенија, Чешка и Хрватска, повикаа во саботата на разговори на високо ниво за поправедна распределба на вакцините против коронавирусот, предупредувајќи дека сегашниот начин на функционирање тој систем до летото може да создадат „големи разлики“ меѓу државите членки.

Во писмото до претседателот Европскиот совет, Шарл Мишел, и до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, предупредика дека доколку продолжи таквиот систем, ќе продолжи да создава и да ги зголеми големите разликите меѓу државите членки до летото, па некои ќе бидат способни да достигнат колективен иминутите во неколку седмици, а други ќе зоастануваат.

Европската комисија во своите соопштение додава дека земјите членки треба да се договорат, ако сакаат да се вратат на системот на распределбата според бројот на жителите.

Државите членки на Европската унија самите бараа флексибилност и одлучија да остапат од правилата вакцианта да се распоредуваат според бројот на жителите, објави во саботата Европската комисија префлрајќи ја со тоа од себе одговорноста за нерамномерната распределба во Унијата.

„Државите членки одлучија да отстапат од предлогот на Европската комисија, со внесување на флексибилноста кој дозволува различна дистрибуција на дозите, земајќи ја предвид епидемиолошката ситуација и потребата од вакцината во секоја од нив“, наведува во соопштението Комисијата.

Европската комисија со соопштението реагираше откако системот на распределбата на вакцините остро беше критикуван во повеќе од 27-те земји членки.

„Според овој систем, доколку некоја земја одлучи да не го зема својото дел од дозите, тие тогаш се распоредува кон заинтересираните членки“, објави Комисијата.