Европската комисија е загрижена поради состојбата на правосудството во Романија, соопшти во средата на пленарната седница на Европскиот паралемент, потпретседателот на ЕК, Јанс Тимерманс.
„Многу Романци се загрижени дека со предложените промени на законодавството се поткопувaaт+ борбата против корупција и независноста на судството. Комисијата ја споделува оваа загриженост“, изјави Тимерманс во расправа за владеење на правото во Романија во којашто учествуваше и романската премиерка Виорица Данчила.
Големата реформа на правосудството, којашто ја започнаа владејачките романски социјалдемократи во јануари 2017 година, предизвика бран протести без преседан по падот на комунизмот во Романија во 1989 година и силен пад на довербата во оваа партија.
Венециската комисија, консултативното тело на Советот на Европа, во јули оцени дека некои од новите нацрт закони би можеле „лошо да влијаат врз делотворноста и квалитетот на судската власти со негативни последици врз борбата со корупцијата“.
Социјалдемократската влада во јули успеа да ја смени шефицата на државното обвинителство за сузбивање на корупцијата DNA, Лаура Кодрута Ковеси, којашто последните години многу пратеници ги изведе пред судот.
„Што се однесува до постапката за разрешување на главната државна обвинителка за истрагата на корупцијата, сакам да кажам дека резултатите од нејзината работа беа централни за позитивната оцена на Комисијата во јануари 2017 година. Уште повеќе, силните независни постапки за именувања и разрешување на главните државни обвинители секогаш биле клучен елемент во нашите препораки. Поради тајните протоколи меѓу државното обвинителство и тајните служби дојде до назадување. Јас барам романските власти да спроведат непистрасна и целосна истрага на тоа“, изјави потпретседателот на Европската комисија, Јан Тимерманс, пред европарламентарците во Стразбур.
„Тука дојдов, за да одговарам на обвинувањата, отколку да констатирам дека очекувам почитување кон Романија и романскиот народ кој тука го претставувам“, изјави романската премеирка. Данчила го критикуваше и работењето на Механизмост за соработка и проверка (CVM).
„Се зборува за борба против корупцијата, што е сосема во ред. Меѓутоа, во ниеден извештај не видов дека некој констатира дека се кршат човековите права или разузнавачките служби и правосудството да му се припишуваат некои тајни договори, а поради тајните договори милиони Романци ја искусија неправдата и кршењето на правата, односно тајното прослушување. Имаме и докази за прислушување, за фалсификување на докази, за тоа како биле уценувани сведоци за да сведочат на овој или оној начин, а извештаите на Механизмот за сотаботка и проверка тоа никогаш не го споменаа. Значи, поради тоа мислиме дека Механизмот не ја исполнил својата цел и официјално тука барам да ми се каже кој го пишувал извештајот на Механизмот и кој злонамерно пропуштил да ги спомене овие важни факти“, рече Данчила.
Романската премиерка истакна дека Европскиот парламент не е нејзин непријател, како и дека ќе ги земе предвид препораките од Венециската комисија.
„Романија е проевропска земја и нема да се откаже од својот европски пат. Ве молам верувајте во Романија и верувајте во нејзиниот европски пат и почитуваето на владеењето на правото во мојата земја“, порача на крајот од својот говор пред европратениците романската премиерка Данчила.
Романската европарламентарка Моника Маковеј, од ECR, рече дека романските власти го менуваат кривичниот законик за да се заштитат од истраги и пресуди. Истакна дека осудениот претседател на владејачките социјалдеморкати Ливиу Драгнеа ги подготвува законите коишто нему му одговараат. Имено, иако не влезе во владата поради една судска пресуда, Драгена го сметаат за дефакто вистински шеф на социјалдемократската влада.
Данчила потоа ја обвини Маковеј за ширење лажни вести и внесување на внатрешнополитичките борби во Романија во Европскиот парламент.
Естебан Гонзалес Понс, потпретседател на пратеничката група на Европската народна партија (ЕРР) изрази „сериозна загриженост“ поради состојбата на владеењето на правото во Романија. Ги обвини социјалдемократите и либералите за премолчувањето на актуелната состојба во Романија.
Претседаѕелот на пратеничката група на Сојузот на либералите и демократите за Европа (ALDE), Ги Верхофштад, исто така, ја критикуваше состојбата на правосудството во Романија, а на романската премиерка ѝ порача „да не го следи лошите примери на Полска и Унгаруја“.
„Моето мислење е дека Романија има два проблема. Еден е корупцијата, а вториот делувањето на тајните служби. Постои држава во држава и неопходно е да се води борба против двата проблема. Романија мора да стави крај на лошата традиција, којашто има корени во Секуритате (тајната комунистичка романска полиција – з.рр.). Значи, Романија мора да се бори против злоупотребите на политичкиот естблишмен“, се обиде да го одбрани романските левичари Верхофштад.