Поранешниот украински премиер, Јулија Тимошенко денеска најави дека ќе се кандидира за претседател, пренесе АП.
Анкетите покажуваат дека Тимошенко, која беше премиер од 2007 до 2010 година, е фаворит на изборите за шеф на државата, закажани за 31 март. Таа помина две и пол години во затвор, поради потпишувањето на договорот за гас со Русија, на што се гледаше како на политичка одмазда кон нејзиниот противник – тогашниот претседател Виктор Јанукович. Тимошенко загуби од Јанукович на претседателските избори во 2010 година, но и од актуелниот претседател Петро Порошенко во 2014 година. Порошенко сѐ уште не изјавил дали ќе бара реизбор.
Тимошенко ја објави кандидатурата на конгрес на својата партија „Баткившчина” („Татковина”) во Киев и вети дека ќе ја врати контролата врз Кримскиот полуостров, анектиран од Русија, како и сепаратистичките области во источна Украина.