Владиниот тим за привлекување странски инвестиции продолжува активно да работи, информира заменик-минситерот за економија Христијан Делев на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања, пренесува МИА.
– Покрај вештачки наметната криза тимот за стански инвестиции продолжува со активностите и со презентирање на Македонија како атрактивна дестинација, иако тие беа од страна на опозицијата оспорени, односно бевме критикувани, рече Делев.
На прашањето за најавени инвестиции во кичевскиот регион рече дека е активен и се реализира на компанијата КСС, но оти се водат разговори и со други две компании за реализација на два проекти за индустриската зона во Кичево.
– Има и одредени разговори за одредени браунфилд објекти кои се понудени за продажба за кои има заинтерсирани компании, информира заменик-министерот Делев.