Во средата околу 15 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на крстосница од улиците „Првомајска“ и „Лазар Колишевски“ во Валандово се случила сообраќајна несреќа, во која тешко бил повреден тинејџер кој управувал нерегистриран мотоцикл
Судорот се слуил меѓу автомобил „ауди“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.А. од Валандово и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од една година помладиот Џ.К. од селото Дедели, валандовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија, а увид извршила екипа на Полициската станица Валандово.