Жителот на германската престолнина Берлин, Ларс Моца, е официјално регистриран во Гинисовата книга на рекордите како тинејџер со најголема големина на стапалото, имено овој 16-годишник носи обувки со величина 57, пренесува во саботата агенцијата DPA.
Левото стопало на Ларс достигнува должина од 35,05 а десното од 34,98 сантиметри. Дури и при раѓањето неговите стапала доаѓале до израз, како што објаснуват неговите родители, и биле долги 9,5 сантиметри иако другите параметри биле вообичаени за новороденче.
Во продавниците ширум Германија не може да се најдат никакви обувки со оваа величина, па момчето е принудено да ги нарачува. Цената на еден чифт специјално изработени обувки за него може да достигне и до 1.200 евра, па трошоците се покриваат со здравственото осигурување, рекла за агенција неговата мајка Анке Моца.
Покрај тоа, момчето го изучува столарскиот занает и му се потребни специјализирани чевли за работа во работилница. Таквите обувки чинат 1.800 евра, а трошоците за нив ги покрива Агенцијата за труд.
„Одлично е што го поседувам рекордот“, изјавил Ларс за агенцијата, но додава дека истовремено, во секојдневниот живот наидува на повеќе проблеми. На пример, тешко се качува по скалила. Тешко му е и да спортува поради тешкотиите со набавка на обувки, па мора да лиши од хокејот, фудбалот и кошарката кои му се омилени спортови. „Проблеми ќе има и со автошколата“, вели тој.
Понекогаш Ларс минува низ комични ситуации .Така еднаш морал да ги соблече чевлите за време на вообичаената проверка на патниците на аеродромот во швајцарски Цирих, бидејќи службениците на безбедносните служби сметале дека тој се обидува да внесе забраенети предмети во огромните обувки. „Ништо страшно, не се навредувам од тоа“, додава тинејџерот.