Деветнаесетгодишник од Гевгелија го загуби животот половина час по полноќ кон саботата во сообраќајна несреќа кој се случика на патниот правец Стар Дојран – Нов Дојран.
Според извештајот на Министерството за внатрешни работи, патничко моторно возило „опел мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот И.М. од Гевгелија, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата на местото на настанот починал сопатникот 19-годишниот И.П. од Гевгелија, а со повреди се здобил неговиот врсник И.М. и сопатникот В.С., исто така, од Гевгелија констатирани во Општата болница Гевгелија.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.