Тираспол ја повика претседателката на Молдавија да не шпекулира со терористичките напади во Приднестровје

Челникот на непризнаетата Приднестровска молдавска република, Вадим Краснослески, остро реагираше во вторникот на изјавите на молдавската претседателка Маја Санду за терористичките напади во отцепениот регион.

„Челничката на соседната држава (Молдавија), Маја Санду, повикувајќи се на некои анализи направени од некого, си дозовли јавно да изјави дека терористичките акти коиште се случија во Приднестровје се дело на некои ‘спротиставенисили во регионот’“, напиша Красноселски на Telegram.

Апелира до молдавската политичарка „со истрајно барање да ја спаси светската заедница од нејзините лични претпоставки, непромислени заклучоци и неосновани обвинувања против приденстровците“.

„Изјавите на функционерите, особено највисокорангираните, мора да бидат поткрепени, врз основа на проверени факти и веродостојни информации, а слуховите предизвикуваат паника, што ја влошува и онака тепката морална состојна во општеството“, смета натаму Красноселски.

Во Приднестровје, како што известија тамошните власти, се случиле три тероростички напади: во зградата на министерството за државна безбедност во Тираспол, во близина на воена единица во месото Паркани и на кулата на редио-телевизскиот центар кај Мајак. Властите во Тираспол воведоа највисоко „црвено ниво“ на терористичка закана, а отворија истрага за дело „терористички напад извршен од група лица со употреба на огнено оружје“. Извори од безбедносните служби во Тираспол изјавија дека зад инцидентите стојат три неидентификувани лица кои влегле од територијата на Украина.

Во вторникот молдаваската претедателка Маја Санду предупредо дека низата напади во овој проруски сепаратистички регион се „обид да ескалират тензии“ и за насилствата ги обвини „провоените факции“ во Приднестровје.

Санду на пресконференција по итниот состанок на Советот за безбедност рече дека не планира да разговара со Кремљ за инцидентите во последните 24 часа вклучително и за нападот врз безбедносната служба во Приднестровје и уништувањето на двата радио-телевизиски столбови од кои се емитувале руски програми.

Повика „на мир“ и најави „мерки за јакнење на безбедноста во земјата“. „Станува збор за обид за подигнување на напнатоста… Ги повикуваме сограѓаните да останат мирни и да се чувствуваат безбедни“, рече Санди.

Молдавската влада минатиот петок изрази загриженост откако заменикот-командант на рускиот Централен воен округ, генерал-мајорот Рустам Минекаев, зборувајќи за целите на руските воени дејствија во Украина е да се спојат обласите под контрола на руските сили во Украина што ќе претставува уште еден слободен правец кон областа Приднестровје, каде што според негова оцена е забележано, исто така, непочитување на правата и угнетување на рускојазичното население.

Контролата на југот на Украина, според Минекаев, ќе претставува уште еден слободен правец кон областа Приднестровје, каде што според негова оцена е забележано, исто така, непочитување на правата и угнетување на рускојазичното население.

Приднестровје, или Трансдњестрија, каде што главно живеат Руси, русофони и Украинци, во 1990 година, пред распадот на СССР се отцепи од советската република Молдавија, стравувајќи од тенденциите на оваа земја, каде што официјален јазик е романскиот – да се присоедини кон Романија. По две години избувна кусиот судир. Во војната која избувна во овој регион во 1992 година загинаа околу 1.500 лица. Оттогаш, практично Приденстровје е независно иако не е признато од ниедна држава, а меѓународната заедница го смета за составен дел од Молдавија, земја со 3,5 милиони жители меѓу Романија и Украина.

Рускиот баталјон со 400 припадници беше испратен по вооружениот конфликт од 1992 година меѓу Молдавија и Приднестровје, како дел од меѓународните мировни сили, во кои се вклучени и воени набљудувачи од Молдавија и од Украина.

Парламентот во Приднестровје кон средината на април 2014 година поднесе барање до рускиот парламент и претседателот на Руската Федерација да започнат процедура за признавање на независноста. Одлуката се заснова врз резултатите од референдумот од 2006 година кога дури 97 отсто од гласачите ја поддржале независноста на Придњестровје како и барањето за присоединување кон Русија.