Тироидната жлезда и исхраната

Имате ли проблеми со тироидната жлезда? Еве неколку фактори кои би можеле да влијаат врз нејзината функција.

Мувла – Долготрајното изложување на мувла во просториите во кои живеете и работите, може да ви го ослабне имунитетот и да дозволи да ве нападне вирусот на штитната жлезда.

Жива – овој течен метал е омилен кај овој тип на вирус, затоа е неопходно да се избегнува во секој облик, од морските риби како што се туна и сабјарка, дури до амалгамските пломби од жива.

Недостаток на цинк, витаминот Б12, пестициди и хербициди, инсектициди, потоа емотивниот стрес како што се: смрт на блиско лице во фамилијата, скршено срце или предавство, хормонални промени, страв од неуспех, страв од смрт, телесни повреди, свежа фарба, несоница како и убод од инсекти.

Сите овие фактори влијаат врз имунолошкиот систем на човекот, го намалуваат до таа мера што можат да го нападнат вируси. Еден од тие вируси е и вирусот на тироидната (штитна) жлезда.

ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА Е НАШИОТ ДРУГ МОЗОК.

Тироидната жлезда има големо влијание врз нашиот организам. Таа е нашиот друг мозок, бидејќи е најмала жлезда, но со многу голема функција.

Ги регулира виталните функции на телото вклучувајќи ги: дишењето, пулсот нервниот систем, мускулната сила, менструалните циклуси, температурата на телото и нивото на холестерол во крвта. Има облик на пеперутка и се наоѓа во основата на вратот, веднаш под гркланот или Адамовото јаболко.

Тироидната жлезда ослободува хормони кои го регулираат метаболизмот, односно способноста на вашето тело да ја претвори храната во енергија и тоа на различен начин. Затоа често пати слушаме за некои луѓе кои имаат брз метаболизам, а некои бавен метаболизам.

Користи јод од храната која ја јадеме, за да направи два хормони: Т3-Тријодтиронин и Т4-Тироксин. Затоа е особено важна исхраната што ја внесуваме.

Овие два хормони го регулираат срцевиот ритам и колку брзо цревата ја обработуваат храната.

Премногу Т3 И Т4 во вашето тело се нарекува хипертироидизам, предизвикува брзо срцево биење, дијареа, губење на телесната тежина, анксиозност, раздразливост, напнатост, хиперактивност, потење и чувствителност на високи температури, треперење на рацете, опаѓање на косата, нередовен менструален циклус…

Кога нивоата на Т3 И Т4  се пониски ќе почувствувате проблеми со спиење, замор, намалена концентрација, сува кожа и коса, депресија, чувствителност на студена температура, болки во зглобовите и мускулите, вашиот пулс на срцето може да биде побавен од нормалното, може да имате запек и зголемување на телесната тежина.Тоа се нарекува хипотироидизам.

ИСХРАНА ЗА ХИПОТИРОИДИЗАМ

Луѓето со хипотироидизам имаат побавен метаболизам, тие бавно согоруваат калории и имаат значително повисоко ниво на холестерол во крвта. Затоа е препорачливо да се внесува исхрана богата со диететски влакна, дури може да се вклучат и аеробни вежби.

Треба да се избегнува преработена храна и додатоци, бидејќи содржат повеќе калории. Да се избегнува: хот дог, брза храна (fast food), бонбони, колачи, потоа  храна што содржи глутен, просо, кељ, прокељ, карфиол, кока кола и секако алкохол.

Луѓето со хипотироидизам треба да јадат нискокалорична исхрана, која ќе им помогне да не ја зголемат телесната тежина.

Тие имаат многу опции за здрава исхрана, можат да јадат јајца,посно месо, риба,повеќето овошја и зеленчук, сушено овошје, семиња од цело зрно без глутен, млечни производи и не-кофеински пијалоци.

Хранливи материи кои се одлични за тироидната жлезда се јод, селен и цинк.

Во помала мера тироидната жлезда исто така произведува калцитонин, кој помага да се контролира нивото на калциум во крвта. Затоа внесот на калциум е особено важен за да не дојде до остеопороза.

Следејќи ја тироидната исхрана можете  да му помогнете на вашето тело да ги минимизира симптомите и да одржите здрава тежина.

Автор: Сертифициран нутриционист Марија Лазиќ за НетПрес

e-mail: [email protected]