Прв пат во мојата 21 години кариера на моево Јади Бурек, каде урлав викав, но и полека тонев затоа што се’ повеќе губев надеж дека нешто добро ќе видиме, дека има спас за нас. И не беше се’ што барав само во некаква материјална смисла, туку и во онаа човечка, оти не секогаш полниот мев е она што те прави среќен и спокоен, далеку од тоа.
„За трошка љубов, живееме“
Милан ја освои титулата на Италија и после повеќе од деценија се врати на врвот. И тоа со кого, со еден старец. Да за фудбалски норми, играч во ептен длабока старост, оти ние, нели, Дарко на 29 години го испративме во пензија преполни со разбирање, а после се чудевме што му е на Пандев оти не отвора кафана, оти инвестира во академија, оти се уште игра… па, човекот очигледно го надминал нашиот менталитет.
Нејсе, Ибрахимовиќ, филмски се врати и не само тоа, игра неколку сезони совршено, дава голови, мести голови и тоа на работ на 40-та, но и тоа е не е толку битно колку неговата фигура, единствен лик чија ароганцијаа ја обожавам и одобрувам, успеа да го мотивира, обедини и крене целиот тим да дојде до овој успех. Да, Милан и немаше најдобар тим, далеку е сеуште од онаа постава со Гатузо, Костакурта, Малдини, Сидорф… но, мотивација имаше колку сите други тимови заедно и ја освои титулата без контроверзи, со плукање крв и вадење утроба на терен до балдисување.
Реал кој е во можеби најлоша постава последнава деценија освои и шампионат и лига на шампиони и повторно пензионер е главен – Лука, столб и темел во целата работа, кој едвај на нозе ги завршуваше наптреварите. Што ли е таа мотивација? Пари?!? Ма какви пари, одмана се наполниле за 5 колена да им живеат како богови. Љубов! Ништо друго, желба и љубов, да се саможртвуваш, да играш не само до исцрпување, туку паметно, трпеливо, никогаш да не се предаваш и да ги поразиш во квалификациите тимови како Челзи, Париз Сен Жермен, Манчестер Сити и конечно глогов колец во аргонацијата на британскиот фубал, оние симпатични ливерпулџии кои со преплатен Пи-Ар глумат тим на малиот човек, а во суштина фрлија поише пари него Реал последниве 5 години.
Се’ со фудбалов беше како добро напишано сценарио Игра на Троновите, со најмалку очекуван исход, а толку статистички реален, но во сетоа тоа јас пак гледам нешто содем друго…
Деукс екс макина
Велам тонев годиниве во мојата кариера скоро секојдневно занимавајќи се со дисторзијата на нашево извитоперено и корумпирано општество дека ќе видиме исчекор во подобро. Сменивме име за НАТО и не видовме ама баш ништо добро. Барем една, факин, инвестиција. Нула, а и натаму овие фејкери уживаат доверба? Па, тогаш подобро и не заслужуваме.
Но, ако сум го видел Господ во вистинска смисла да делува, не само како суптилен сомнеж и вера дека он ја усмерува работата туку во видноизменети изјави, настапи и случувања со мојатаа Црква, Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Прво шизмата од вселенската дојде ненадејно, ја очекував минатите години, долго, многу долго бидеејќи прилично од внатре го следам процесот, и ми дојде како дожд по долга суша. Уште не се прибрав емотивно, (да емотивна беше за мене таа работа) рекацијата на СПЦ да ни ја признаае афтокефалноста – …признајемо аутокефалност Македонске Православне Цркве Охридске Архиепископије… – кои токму со овие зборови изговорени во нашиот Соборен храм на заедничкото сослужување ги кажаа нашите браќа во Христа.
Настана општа радост меѓу верните и хистерија меѓу наводните патриоти – душегрижници, кои се уште не можат да прифатат дека нешто добро ни се случило, па собираат легиони од мињони да сеат омраза меѓу народот дека се тоа е лага дека е предаство. Има еден предемет и дел од веронауката кој се вика демонологија. Една од тезите е дека кога концетрацијата на Божја благодет е висококонцетрирана на едно место и настан, веднаш се вклучуваат слугите на Мамона да го изнегираат серто тоа. Ах, како и ангелите на светлината се појавуааат,а испратени од шејтанот химеслф, полни усти за доброто на земјата. Злото се препознава оти само тоа ја напажа црквата и никој друг.
А, тоа се духовни евнуси кои сакаат да прават смут, а никогш не влегле во Христовите тајни. Христијанствоито е начин на живот и кој не го практикува, како може да ја разбере радоста на браќата кога доаѓа помирување, кое и да е формално, има тежна колку сите планини.
Поминаа цел живот во своите кариери, се поравеа паметни и солеа ум за секој владика, секој потег на црквата, исто како и фарисеите кои го наговестуваа Неговото доаѓање, но кога Тој дојде, не го препознаа, а тоа што е непознато за нив, го распнуваат.
Таквите секогаш им се помили бараби оти љубов не спознале (не мешајте ерос и љубов) христијанска, оти за нив црквата е само институција за давање верски услуги, а не место за комуникација со небесата и живиот Бог, за нив се тоа е само некаква матна традиција во служба на државните органи. Ако во нешто веруваат тоа е плиток национализам, добра ракија и апокалиптичен дух, минувајќи ги деновите фрлааајќи камења по секој оној кој не е со нив, а они, нели, безгрешни.
Не им е лесно, цела кариера им се руши оти згрешија, а суетата не им дозволува да признаат… но, на мое пријатно изненадување, јавно, неколку ликови, го признаа тоа, се извинија и го сменија ставот. За мене тоа се луѓе со огромен интегритет, продуховеност и најмногу од се, се радувам што ми се пријатели, иако со години бевме со спротивни ставови по прашањето на црквата. До Томосот има работа, а и потоа, ништо не е завршено, жив процес и многу работа, а јас ветив дека нема никогаш да бидам више дефетист, ќе верувам во народов, земјава, државава, црквата и кога ќе оди најлошо. И кога мислев дека немам за што да се борам, добив порив повеќе.
Не сум Златан или Лука, но ќе делувам додека сум жив и способен, колку толку, за доброто на сите, сосе сите мои утки, погрешки, успони и падови.
Автор: Јанко Илковски за НетПрес