За новогодишната ноќ може слободно да уживате доколку решите да ја пречекате на отворено или на плоштад бидејќи времето ќе биде облачно, но тивко и многу студено.
Според најавите не метеоролозите, и во следните денови по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност.
Утре најниската дневна температура ќе биде во Тетово и Битола, со максимални три степени, додека најтопло ќе биде во Гевгелија каде што живата на термометарот ќе се искачи до деветиот степен над нулата.
Во првиот ден од новата година ќе не очекува претежно облачно време со температуа од два до осум степени. В четврток ќе има повеќе сонце, па се очекува и пораст на температурата.