Собранието на Република Македонија да донесе резолуција со која ќе го осуди етничкото чистење на Македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија, велат од ТМРО.
За ТМРО е несфатливо како, Македонците кои од 1991 имаат своја независна матична држава, ниту еден пратеник, ниту една партија, што е чудно, никогаш не покрена иницијатива, Македонското собрание да донесе резолуција со која, ќе се почувствуваме како вистинска држава и народ, кој не заборава и држава која е матична држава на сите Македонци, се вели во соопштението.