
Правниот хаос предизвикан од преземањето на предметите, но и обвинителите од СЈО надвор од каква била законска процедура, беше повод адвокатскиот тим во случајот „ТНТ“ да побара од судијата одложување на денешното рочиште. Имено адвокатите на рочиштето побараа потврда каде е вработен обвинителот Бурим Рустеми кој лично не одоговорил на ова прашање.
Судијата без да ја провери оваа околност ги известил правните застапници на обвинитетите дека тој е овластен од Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Затоа одбраната е во дилема дали на овој начин се прикрива голема правна небулоза, со оглед на фактот дека Рустеми се уште е вработен во СЈО, а на денешното судење дојде како претставник на ОЈО.
Покрај барањето за одложување на денешното рочиште, адвокатите побарале и изземање на Рустеми, барање кое судијата спротивно на закон одчучил да го отфрли, без притоа да го прерпрати кај наджениот шеф на обвинителот од СЈО да одлучи.
Никој во моментов не знае како ќе заврши правниот хаос создаден одлуката на Јовески да го земе во предвид наводното писмо од затвор на Катица Јанева, писмо за кое сеуште нема потврда дали го напишала Јанева и во каква психофизичка состојба била, додека издавала наредба кон обвинителот што ја приведе. Правен преседан е Јанева од притвор да издава наредби кон претпоставениот на Русковска, кој впрочем одговара и за барањето за притворање на Јанева за Рекет. Со наредбата на Јанева наводно издадена од затвор сите предмети од СЈО завршија во рацете Љубомир Јовески, а што е уште по интересно поголемиот дел од предметите проложија да ги водат кадрите на СЈО кои се вратија назад во обвинителствата од каде што потекнуваат.