Претседателот на актуелниот шампион на Шпанија, Атлетико (М), Енрико Черезо е убеден дека наследникот на Диего Коста, хрватскиот интернационалец, Марио Манџукиќ е најдобриот напаѓач на денешницата.
Исто такво мислење, Черезо имаше и за натурализираниот репрезентативец на Шпанија, но таквиот став за Коста беше променет во истиот момент кога напаѓачот ја прифати понудата за преселба во редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи.
“Зборуваме за различни фудбалери, за фудбалери кои имаат различен стил на игра. Коста е фантастичен фудбалер, фантастичен напаѓач, но мене многу ми се допаѓа Манџукиќ и убеден сум дека со него ќе играме уште подобро. Марио веднаш кажа дека сака да игра за Атлетико (М), а Баерн (М) доби побогати понуди за неговите услуги. Благодарение на неговата желба, да игра за Атлетико (М), Марио сега е на “Винсенте Калдерон”. За мене, Манџукиќ е најдобриот напаѓач на денешницата”, изјави Черезо.