Тодоров: Стапката на доеничка смртност во Македонија се намалува

Во рамки на пакетот мерки Министерството за здравство планира до 2020 година да ја намали доеничката смртност за една третина.

Стапката на доеничка смртност во Македонија се намалува. Според податоците во 2004-та стапката на доеничка смртност била 13,2 промили, а во 2014 9,9 промили. За споредба оваа стапка во времето на Југославија, во Македонија изнесувала 31,6 промили, истакна денес министерот Никола Тодоров.

Целта на пакетот мерки е до 2020 година да се намали процентот на доеничка смртност на максимум 6,5 промили, како и да се унапреди здравствената заштита на мајките и децата.

Повеќе за пакетот мерки на следниот линк.