Тодоровиќ доби куќен притвор

Поранешен градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, доби куќен притвор, исто како уште еден осомничен во случајот „Феникс“, додека четворица добија затворски притвор

На излегување по неколку часовниот распит кај судија на претходна постапка, поранешниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, не сакаше да коментира како ќе се брани, само кусо изјави во движење: Не се чувствувам виновен.