Тодоровиќ прв ќе куртули со новите измени на Кривичниот закон

Поранешниот градоначалник на скопски Центар, Владимир Тодоровиќ, е првиот што ќе ги почувствува поволностите што ги донесоа новите измени на Кривичниот закон.

Тој, во јуни беше осомничен во истрагата „Феникс“, дека како функционер ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“. Оттогаш до минатиот петок, Тодоровиќ беше во куќен притвор.

По предлог на обвинител, судот му го укина ова ограничување на слободата.

Причината за тоа е што делото за кое беше осомничен, според овие измени што стапија во сила на 15 септември, му застарува годинава. Истрагата за него сѐ уште не е запрена, но, според најновите законски измени, извесно е дека тоа ќе се случи, бидејќи дејствијата ги сторил до 2013, наместо во 2043, целосно му застаруваат оваа година. Од Јавното обвинителство за следната недела најавија дека ќе ги разгледуваат прашањата за промените на Кривичниот закон, но дека секој јавен обвинител ќе се води според индивидуалните предмети што ги застапува пред судот.