Тодоровски: Предавствата на нашата земја не се од сега и во минатото постоеле содејства меѓу домашни и странски душмани

Горд сум и чест ми е што можам да ви се обратам вам на бранителите на Република Македоноја. Еве со денови сме по улиците на Македонија, не само тука, туку и во сите градови, ние Македонците сме изложени на еден атакт кои го вршат, тие се насочени да го урнат унитарниот каратктер на нашата земја, но ние нема тоа да им го дозволиме, изјави професорот и доктор на науки, Томислав Тодоровски.

Овие предаства не се од сега и во минатото се случувале вакви предавства од нашите, јас во оваа пригода како поткрепа на тоа ќе ви кажам неколку примери.

-Илинденското востание во 1903-та против турското востание беше предвреме кренато за да не успее од страна на Бугарите, наспроти тоа Бугарите сакаа да ја лансираат тезата дека Македонците не се кадарни и способни да направат свое востание. Востанието навистина беше задушено, но не беше сопрен борбениот дух на Македонскиот народ. Големиот Македонски поет од Пиринска Македонија Никола Вапцаров во својата илинденска песна ги искритикува овие подмолни атакувања од врховистите на Бугарија велејќи во песната: Вината не беше наша, таа кај друг се крие и други тогаш стотанска вина сторија, но идат дни кога ќе ги осудат и се ќе и раскажеме на мајката историја. Се разбира востанието беше крваво задушено, но борбениот дух на Македонија продолжи и понатаму, така за време на балканските војни нашите предци биле предадени од некои интелектуалци. Да ве потседам дека во потпишувањето на Букурешкиот мировен договор ресенчанецот Симеон Радев е еден од Македонците кои остана како пример за Македонски интелектуалец бркајќи ја својата кариера заборави на својот народ, рече Тородоровски.

Тој како трет пример како поткрепа како тоа дека Македонскиот народ крварел во минатото го спомена содејството меѓу домашни и странски душмани.

-Хитлер започнувајќи ја втората светска војна планираше секавична војна над силите над антантанта над мирољубивата Европа но доживеа пораз заедно со своите траванти меѓу кои беа Бугарија, Германија, Јапонија, беа поразени и нивните марионетни слуги, како Балистите во Албанија и четниците во Србија. И гледајте што се случува деновиве во таа Тиранска платформа на Албанскиот премиер Еди Рама, што ја потпишаа и Ачбанските партии во Македонија и тие бараат да се донесе декларација во парламентот за осуда за геноцидот од Македонскиот народ сакајќи да не скараат со нашите сеоседи. Во текот на втората светска војна како што беше познато Македонија беше окупирана, Албанските балисти вршеа терор врз македонското население и наместо ние да бараме извинување од Албанската влада, тие сакаат Македонците да им се извинат на нив, истакна Тодоровски.

Тој исто така го раскажа и примерот на големиот поет Коле Неделковски кои ќе ги осуди сите оние кои што божем сакале да им помогнат на Македонија и на тој начин сакале да ни се доближат на еден подмолен начин, затоа Неделковски ваквото однесување ќе го осуди ваквото однесување нарекувајќи ги волци затворени во заробена Македонија.