Том Круз го опиша седмoто продлжение од „Невозможна мисија“ како епска авантура

Познатиот американски актер Том Круз изјави дека седмиот дел од франшизата „Невозможна мисија“ е „навистина епска авантура“.

Холивудската ѕвезда рече дека филмот од два дела е кулминација на сите негови вештини и дека дури и оние кои не се запознаени со франшизата ќе доживеат „епска авантура“.

„(Овој филм) беше кулминација на сите мои вештини… Се случува многу…најважниот дел е снимањето и раскажувањето на приказната“, рече Круз, кој ја повторува својата улога на Итан Хант во „Невозможна мисија 7“ настојувајќи да влезе во трагата на застрашувачко ново оружје што му се заканува на целото човештво.

Во седмото продолжение покрај Круз играат и Сајмон Пег, Хејли Атвел и Винг Рејмс.

Говорејќи на премиерата на филмот во Лондон во четвртокот, Круз рече дека сонувал да снима филмови уште од дете и дека е посветен на преземање нови предизвици и учење на нови вештини.

„Кога имав три или четири години скокав од покривот и се качував на дрвја – сакав да снимам филмови, сакав авантура, сакав да патувам низ светот“, рече актерот.

Седмиот дел од франшизата ќе започне да се прикажува во САД од 12-ти јули, а неколку дена подоцна во Европа.