„И после луѓето не верувале во Судот, не им верувале на судиите и на обвинителите…!?
Кажете ми, Ве молам, како да веруваат!?
И тие што имаа малку верба ќе кренат раце… пишува на Фесјбук новинарот Томче Кежаровски.
Во објавата Кежаровски додава: „Како сега ќе им објасните на обвинетите и осудените во „Ликвидација”, „Змиско око”, „Детонатор”, „Шпион”… И на уште дузина други случаи… Мислите дека постои некаков начин? А!?
На институциите не им се верува, затоа што тие во изминатиот период им служеа, како инструмент, во рацете на привилегираните и богатите.
Со Лиле Стефанова за обвинител, и тоа не било каков, добро е што зградите се таму каде што се, добро е што обвинителството воопшто постои…
Еднаш веќе напишав, еве пак ќе Ви повторам: „Како што со ‘Комодоре 64’ не се прави напреден компјутерски систем, така и со Лиле Стефанова и послушниците како неа не се прави ефикасен систем за борба против криминалот и корупцијата во Македонија”
Која е и каква е Лиле Стефанова ќе прочитате во мојата втора книга… Таа нема да биде со приказни од чарсијата, туку ќе биде продолжение на „Живот во кутија”…
Само малку да Ве потсетам за ликот и делото на споменатата…
ПРВО, Таа е жената чие име со години беше споменувано во извештаите на Стејт Департментот, Европската унија, Советот на Европа, Обединети нации, Репортери без граници, Светската и Европската федерација на новинари дека водеше политички монтиран судски процес против Томислав Кежаровски…
ВТОРО, Таа е жената која без вистинска основа со месеци го држесе судијата Борче Николовски, обвинет во случајот Ликвидација, болен во притвор, којшто не ја дочека правдата, си почина од нервози…
ТРЕТО, Таа е жената која не дозволи од куќен притвор да ме однесат на лекар, и покрај неиздржливите болки, па благодарение на Тамара, Насер и Мери, стоматолог дојде кај нас дома и среде соба ми вадеше заби…
ЧЕТВРТО, Таа е жената која болен човек, многу болен, обвинет во случајот Шпион, држеше во притвор, па и тој не стаса да ја дочека ослободителната пресуда…
Има уште многу за пишување… Уште многу нејзини жртви
И Иле Бојчевски е жртва на Лиле…
Ете, Ви ја оставам Лиле во наследство… Вам еден ден да Ви суди, вам да Ви прави како што мене и на моето семејството ни направи, како што и на уште многу други семејства направи…
ПС. Србите велат „Пара буши где бургија нече”… И се многу, многу, навистина многу во право… Браво, бе, Чифо… Браво…“