Петкратната олимписка победничка, Јамајчанката Илејн Томпсон-Херa, на атлетскиот митинг во Калифорнија ја претрча делницaтa од 100 метри за 10,89 секунди, што е најдобaр годинешен резултат.
Актуелната двојна олимписка шампионка во оваа дисциплина резулатот го истрача во квалификациската трка, а потоа реши да го прескокне финалето во коешто победи Американката Тваниша Тери со време од 10,77 секунди, но со прекумерна помош на ветерот кој бил пресилен, како и во трката на спринтерите на 100 метри во која победи Американецит Мицах Вилијамс со 9,83 секунди.
Најдобри резултати во сезоната на овој митинг остварија и Американците Фред Керли на 200 метри со 19,80 секунди, и неговиот сонародник Мичел Чери на 400 метри со 44,28 секунди.
Само 24 минута откако беше трета во трката на 100 метри, Американката Габи Томас победи на двојно подолгата патека со време 22,02 секунди.
Во натпреварувањето на фрлачките на диск, олимписката победничка Валери Олман беше недостижна за конкурентките со најдолго фрлање од 69,64 метри, што сепак е за два метра покусоа од нејзиниот американски рекорд од 71,46 метар поставен пред една седмица на митингот во Сан Диего.