Кошаркарите на Партизан доминираат на листата најгледани натпревари во Евролигата.
Партизан оди кон пласманот во топ осум тимови во елитното кошаркарско натпреварување. Но, овој натпревар ќе биде запаметен и по друга бројка.
Со 20.003 посетители на трибините, натпреварот од последното коло во Евролигата стана најгледаниот натпревар оваа сезона.
Исто така овој натпревар е и на шестото место во конкуренцијата натпревари со најголема посета во историјата на најелитното европско кошаркарско натпреварување.
Она што е посебно интересно е што првите осум места за натпревари со најголема посетеност ги држи токму Партизан.
НАЈГЛЕДАНИ НАТПРЕВАРИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ЕВРОЛИГАТА
2008/09: Партизан – Панатинаикос (22.567 гледачи)
2013/14: Партизан – Реал Мадрид (21.374)
2009:10: Партизан – Макаби (21.367)
2008/09: Партизан – ЦСКА Москва (21.352)
2009/10: Партизан – Макаби (20.783)
2022/23: Партизан – Олимпијакос (20.003)
2022/23: Партизан – Фенербахче (19.661)
2022/23: Партизан – Макаби (19.011)