Бројот на жртвите од топлотен бран во јужен Пакистан, се искачи на повеќе од 1.000. Топлотниот бран е особено алармантен во провинцијата Синд, каде што главниот град Карачи се соочува со температури и до 45 Целзиусови степени.
Големите болници во Карачи се борат да се справат со приливот на пациенти погодени од топлотниот удар
Повеќето од смртните случаи се меѓу сиромашните и работниците кои работат напорно на отворено. Голем број пациенти се уште се во критична состојба. Бројот на жртвите се очекува да расте.
Провинциската влада на Синд објави вонредна состојба во Карачи, со препораки до граѓаните да не излегуваат надвор на високите температури.
Метеоролозите посочуваат дека топлотен бран ќе се стабилизира бидејќи се очекуваат врнежи од дожд.