Торонто поведе со 2-0 против Бруклин

Кошаркарите на Торонто Рапторс ја остварија и втората победа во првото коло од доигрувањето за титулата во НБА лигата во средата во Орландо над екипата на Бруклин Нетс со 1004:99, па бранителите на титулата во најсилната кошаркарска лига во светот во серијата до четири победи поведоа со 2-0.

До последната четвртина Нетс беа поблиску до победата, а во првата четвртина имаа и 14 кошеви предност. На почетокот од четвртата делница водеа со 80:74, но Рапторс успеаја во последниот период го надиграа Бруклин со 30:19.

Сепак, Нетси добија можност да се избори продолжување, кога при заостанувањето од 99:102 имаа 15 секунди за последниот напад. Но додавањето на Харис го пресече Кајл Лоури, а Норман Пауел заби во контронапад за потврда на победата.

Пауел и Фред Ванвлит, кој имаше 10 асистенции, со по 24 коша беа најпрецизни кај Рапторс. Лоури додаде 21 кош, а Паскал Сеикам постигна 19 поени.

Кај Нетс имаше шест играчи со двоцифрен број погодоци, а ги предводеа Гарет Темпл со 21 и Тимоте Луваву-Кабарот со 17 коша. Карис Леверт на 16-те поени додаде и 11 асистенции, а Џарет Ален со 14 коша оствари и 15 скокови и подели три блокади.

Следниот трет натпревар од оваа серија на распоредот е во петок, воод 19,30 часот по средноевропско време.