Адвокатот Александар Тортевски во врска со случајот Рекет денеска објави три твитови на својот Твитер профил.
Во првиот споменува дека „Тоа што Катица сега слободно се сунча во Калитеа значи само едно. Некого мнооогу сериозно го уценува“, вели тој.
Потоа пишува дека „Ако воопшто се врати на работа Катица, целиот колектив треба да си отиде и да ја остави сама внатре или пак да и застанат на врата и да не и дозволат да влезе внатре“.
Додека во третото продолжение пишува дека „Сега треба Специјално јавно обвинителство што ќе ги истражи кривичните дела што потекнуваат од содржината на разговорите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева“.