„Виновниците кои буквално притворија стотици илјади граѓани на територија од 26 000 км2 од денеска имаат конкретно име и презиме, а тоа се сите оние 54 пратеници од СДСМ и ДУИ кои во Собранието гласаа против продолжувањето на важноста на пасошите“, пишува на Фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по неизгалсувањето на измените на Законот за патните испарви, односно нивно продолжување до крајот декември.
„Тоа го направија молчешкум, без да дадат разумно образложение водејќи се исклучиво од нивниот партиски интерес, притоа оставајќи ги граѓаните во состојба на несигурност и безизлезност и кршејќи им го основното човеково право на слобода на движење. Но, цената за нивниот молк денеска, ќе ја платат на 8 мај, кога народот многу гласно ќе го каже своето“, нагласува тошковски.