![3431](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/3431.jpg?resize=620%2C372&ssl=1)
Фудбалерите на лондонски Тотенхем се пласираа во осминафиналето на англискиот ФА Куп со рутинската домашна победа од 3:1 против Брајтон едн Хоув Албион во последниот диел од саботната програма на 16-финалните соочувања.
Домашните во водство ги доведе капитенот Хари Кејн со прецизен удар во 13 минута, а во 24 минута Соли Марч со автогол зголеми на 2:0. Во вториот дела Бисума накусо ги врати надежите на Брајтон кога во 63 минута погоди за 1:2, но само три минути подоцна Кејн со вториот погодок на мечот осигури мирна завршница за Тотенхем.
Претходно и Лутон Таун избори осминафинале, откако како гостин со 3:0 славеше кај Кембриџ Јунајтед. Стрелци беа Рис Барки во 26, Карлос Мендес Гомеш во 23 и Адмирал Мискве во 88 минута.
Во неделата шеснесетфиналната рунда ќе ја заокружат дуелите Ливерпул – Кардиф Сити, Нотингем Форес – Лестер Сити и Борнмут – Боренхем Вуд.
Досега во осминафилето се пласираа второлигашот Мидлсборо кој на гости во петокот по пенал серијата го порази Манчесер Јунајтед, Вест Хем Јунајтед со победата од 2:1 кај шестолигашот Кидминстер, Челзи кој тешко го порази третолигашот Плимут со 2:1, Манчестер Сити кој со 4:1 беше сигурен против Фулам, а со истиот резултат Евертон го елиминираше Брентфорд. Натаму одат и Питерборо кој со 2:0 го победи Квинс Парк Ренџерс, Норич Сити кој со 1:0 на гости беше подобар од Вулверхемнптон, Хадерсфил со 1:0 беше подобар од Барнли, а Стоук Сити со 2:0 од Виган Атлетик, како и Кристал Палас од Хартлпул а Саутемптон со 2:1 го порази Ковентри.