Товарниот брод „ Songa Iridium“ кој плови под знамето на Либерија се забил во петокот во брегот додека минувал низ Босфорскиот теснец во Истанбул, пренесуваат турските медиуми.
Во инцидентот нема повредени, соопштија властите и додаваат дека бродот пријавил проблеми со моторот и губење на контролата на управувањето кусо пред ударот. Според крајбрежната стража, несреќата се случила во областа Румелисасар, каде има силни морски струи.
Поради несреќата властите го затворија за сообраќај овој живописен и многу ппрометен воден пат низ Истанбул.
Бродот пловел од црноморското пристанише Одеса, а требало да се закотви во истанбулското пристаниште Амбарли, според податоците на страницата Refinitiv Eikon.
Ваквите инциденти се многу ретки на Босфор, кој е еден од најпрометните водени правци на светот , а има голем значење за земјите кои излегуваат на Црното Море.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред неколку месеци ги заживеа плановите да се ископа канал на запдните рабови од Истанбул, за да се олесни прометот преку Босфор, и покрај провитењето на новиот градоначланик на Истанбул, кој е политички противник на Ердоган, екологистите и стотици петиции.