Трајанов: Kампањата на партиите на власт e школски пример како да се изгубат изборите

Мислам дека кампањата што ја водеа партиите на власт беше школски пример како да се изгубат изборите, вели Павле Трајанов во „Студио 10“.

Имавме средба вчера во Владата каде сите едногласно се согласивме дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека нема потреба за нови избори. Локалните избори се за избор на градоначалници и советници, тие не треба да ги мешаме со централната власт. Прoблемите настанаа по оставката на Заев. Нов мандатор ќе отвoри нови прашања, мој заклучок е дека Заев останува цврсто на својата одлука – рече Трајанов.