Трајановски: Идејата ни беше да направиме од Вардар шампион, некои нови ветришта направија се таа успешна приказна да згасне

Вардар е синоним за спортот во Скопје. Од самиот почеток кога го спасивме од втора лига и го превзема Град Скопје идејата ни беше да направиме од Вардар шампион. Успесите и достигнувањата ги гледавме низ годините и сето тоа беше благодарение на приватниот партнер кој од Вардар направи препознатлив европски бренд. Некои нови ветришта во последниве години направија се таа успешна приказна да згасне, реагира поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски.

Сакам да ви порачам дека Вардар е како пиреј, газете го, кошкајте го тој не умира. Ќе живее се додека не дојдат поубави времиња кога повторно ќе се врати на шампионските патеки, поречува Трајановски.