Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски пред натпреварт кој „рисовите“ ќе го одиграат во Прага против селекцијата на Украина изјави дека оваа е клучен меч пред остатокот од квалификациите.
„Не очекува многу важен натпревар, веројатно клучен за нас. Треба да се фокусираме на овој меч, да го анализираме противникот и да се обидеме да победиме. Овој дуел е навистина многу важен за нас и би бил пресреќен ако успееме да триумфираме.
На првиот натпревар со Украина мислам дека доминиравме до 60. минута. Знаеме дека имаме квалитет и можеме да играме со сите селекции. Мора да имаме позитивен менталитет, само така ќе можеме да се надеваме на успех. Играме на гостински терен, но и за Украина теренот е непознат.
Последните резултати на Македонија беа одлични. Се надевам дека ќе продолжиме во сличен ритам, зашто само така може да напредуваме и да го градиме тимот. Имаме одлични поединци, владее позитивна атмосфера меѓу играчите и се надевам тоа да го преточиме на теренот“, изјави Трајковски.