Традиционалната Мичуринска средба нема да се одржи, но ќе има хуманитарен дел

Одборот за организација на Мичуриска средба информира дека поради Ковид-19 пандемијата донесена е одлука традиционалата Мичуринска средба да не се организира за пречекот на Стара Нова Година.

-Но традицијата ќе продолжи со хуманитарен дел, се со цел да се одржи традицијата на Мичуринска средба. Празникот ќе се одбележи со хуманитарен дел каде ќе се поделат пакети од храна за загрозените категории на граѓани кои живеат во населбата Мичурин и Општина Аеродром. Целта е задржувањето на традиција која ќе продолжи и понатаму со годините кои се пред нас, информираат претседателот на Одборот, Георги Гаштаров.

Програмата ќе започне со одбележување и литургија денес напладне во С.В. Богородица со почеток од 12 часот.