Трајановски: Граѓаните гласаат за оние кои што имаат реализирано проекти

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија” Коце Трајановски денеска гласаше на избирачкото место 2489 во во просториите на урбаната заедница Автокоманда.

Имав задоволство денеска да го искористам своето гласачко право. Мислам дека граѓаните на Градот Скопје ќе дадат поддршка на оние кои што имаат реализирано проекти и оние кои што ветуваат и оние кои што нудат нови проекти за подобро и поубаво Скопје, изјави Трајановски.

Тој изрази надеж дека гласањето помине во фер и демократски услови.