Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба, Александар Трајковски, денеска одби да ја коментира фотографијата снимена во Будимпешта на која тој е во придружба на поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил во Унгарија.
Трајковки денеска дојде во Кривичниот суд на рочиште за предметот „Насилство во Центар“ во кој е еден од обвинетите, но не сакаше да одговора на новинарски прашања.
Александар Трајковски е вработен во Царинската управа, од каде соопштија дека во времето кога била објавена фотографијата тој бил на боледување. Од Царината најавија дека е покрената постапка за утвдување дали боледувањето му е оправдано или во спротивно ако се утврдат злоупотреби ќе бидат преземни соодветни мерки.
Фотографијата од Груевски на која е и Трајковски, беше снимена и објавена од дописник на „Гардијан“ од Будимпешта и е прв фото запис од поранешниот премиер по бегството во Унгарија.
Тој денеска во судот посочил дека бил во Унгарија на специјалистички преглед за синусите и дишните патишта.