Трамп ја номинираше Ејми Барет за судија на Врховниот суд

White House, Saturday, Sept. 26, 2020, in Washington. (AP Photo/Alex Brandon)

Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше судијката Ејми Кони Барет за судија на Врховниот суд на САД, позиција којашто до неодамна до својата смрт на 87-годишна возраст ја извршуваше Рут Бејдер Гинзбург.

„Денеска ми претставува чест да му го номинирам еден од најпрекрасните и најнадарени умови во нашата држава на Врховниот суд. Таа е жена со неспоредливи достигнувања, висок интелект, извонедни преференци и непопустлива верност на Уставот“, изјави претседателот Доналд Трамп на свеченоста во Белата куќа истакнувајќи дека се надева на брза процедура на разгледување и утврдување на кандидатората на новиот челн во највисоката судска истанца во САД.

„Процесот на потврдувањето треба да биде многу јасен и брз, тој мора да биде многу едноставен. Јас сум уверен дека тој ќе биде максимално непротивречен“, додаде американскиот претседател на церемонијата во розовата градина во Белата куча на која присуствуваа 150 лица.

И претходно се очекуваше дека Трамп ќе ја номинира 48-годишната сојузна судијка Барет, која беше фаворит на Републиканската партија поради нејзините поранешни ставови за абортусот, имигрантите и правото на оружје.

Според оцената на агенцијата Bloomberg, Белата куќа смета дека номинацијата на Барет ќе му помогне на Трамп да ја добие поддршката на гласачите во неколку сојузни држави кои се едни од најважните за конечниот исход од претседателските избори.

Кандидатите за Врховниот суд мора да бидат потврдени со мнозинство во Сенатот на Конгресот, каде во моментов мнозинство имаат републиканците.

Лидерот на републиканското мнозинство во Сентатот, Мич Мекконел, ја поздрави номинацијата на Ејми Кони Барет во изјавата во којашто јасно даде на знаење дека Сенатот ќе гласа за изборот на Трамп.

„Судијката Ејми Кони Барет е извонредно импресивна правничка и извонредно добро квалифицирана кандидатка за Врховниот суд на Соединетите држави. Како и што реков претходно, оваа номинација ќе биде изгласана во Сенатата следната седмица“, изјави Мекконел.

Демократската партија настојува да го одложи гласањето и сметаат дека победникот на претседателските избори на 3-ти ноември би требало да одлучи за доживотното именување меѓи деветте членови на Врховниот суд.

Неолибералите стравуваат од промена на идеолошката и фолозофската рамнотежа во Сидот, што моќе да доведе до промени по прашањата како што се оние за абортусот или здравствената заштита во полза на конзервативците. Стравуваат дека Барет, доколу биде потврдена, би можела да гласа во полза на укинувањето на правото на абортус во земјата, заедно со поништувањето на планот за здравствената заштите позната како „Обамакер“ која беше единствениот проект во целиот мандат на претдходниот демократски претседател Барак Обама.

Во посебно соопштение демократскиот претседател Џо Бајден ја критикуваше Барет и нејзиното противење на проектот „Обамакер“.

„Сенатот не би требало да делува по прашањето на испразнетото место, сѐ додека американскиот народ не ги избере следниот претседател и следниот Конгрес“, рече Бајден.

На следните општи избори на 3-ти ноември во САД ќе се гласа за претседателот и потпретседателот на државата, за сите 435 членови на Претставнничкиот дом и за една третина од Сентатот на Конгресот, како и за гувернери на 13 сојузни држави и територии.

„Секој глас за потврдување на оваа кандидатка е глас за укинување на здравствената заштита“, изјави претставничката на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, една од најогорчените противници на претседателот Трамп.

Барет, коај е мајка на седум деца од сојузната држава Луизијана и е побожен католик, е идеолошка спротивност на либералната судијка Гинзбург чиешто место треба да го заземе.

На свеченсота во Белата куќа на која беше објавена нејзината номинација, Барет реле дека ќе „води сметка за тоа кој дошол пред мене“,. Барет, исто така, рече дека ќе служи според прионципите на својот поранешен шеф, покојниот суд на Врховниот суд и истакнат конзервативец Антонин Скалиа.

„Судијата мора да го применува законот онака како што е напишан, Судиите не се креатори на политиките и мора да бидат решителни во отфрлањето на какви било ставови за политиката кои ги имаат“, изјави Барет потврдувајќи ја со тоа правосудната философија на Скалија.

Трамп веднаш по инормацијата за смртта на Гинзбург која 27 години мина во Врховниот суд како втора жена именувана во него, се залагаше за правата на жените, се обврска дека испразнетото нејзино место ќе го пополни со жена конзервативка.

Претседателот Трамп во текот на својот мандат именуваше двајца конзервативни судии, Нил Горсач во 2017-та, и Брет Кавано во 2018 година. Од номинирањето на Горсач до изборот во Сенатот минаа 67 денови, додека Кавано следната година беше именуван за 89 дена. Така што сега станува збор и за трка со времето, бидејќи американските претседателски избори ќе се одржат на 3-ти ноември.

Барет е судијак на Апелациониот суд за седмиот округ на САД, кво кој се одлучува за случаи кои се однесуваат на државите Висконсин, Илиноис и Индијана. Доколку биде избрана, таа ќе биде најмладиот член во сегашниот состав на Врховниот суд.