Американскиот претседател Доналд Трамп во средата објави дека го одложил состанокот со данската премиерка Мете Фредериксен, бидејќи таа не е заинтересирана за неговата понуда САД да го купат Гренланд.
„Данска е многу посебна држава со неверојатни луѓе, но поради изјавите на премиерката Мете Фредериксен, дека не е заинтересирана да расправа за продажба на Гренланд, ја одложувам за некое друго време нашата средба планирана за две седмици“, напиша на Twittar американскиот претседател Доналд Трамп.
Американскиот челник изминатиот викенд ги потврди медиумските шпекулации дека неговата администрација е заинтересирана за купување на овој ретконаселен најголем остров на планетата.
Гренланд е главно независен, но Данска управува со неговата надворешна, одбранбена и монетарна политика. И Данска и Гренланд веднаш го отфрлија предлогот на Трамп.
„Гренланд не е на продажба. Гренланд не е дански. Гренланд му припаѓа на Гренланд. Се надевам дека не се мислело сериозно за тоа“, ја коментирапе данската премиерка Фредерискен понудата.
Трамп потоа на Twitter објави фотомонтажа на својот хотел на островот со коментар „ветувам дека ова нема да го направам на Гренланд“, а во средата ѝ се заблагодари на данската премиерка на искреноста со која им заштедиле многу време на САД и на Данска.