Претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп, „распали“ во вторникот по Барак Обама, неговиот претходник во канцеларијата, тврдејќи дека администрацијата на Обама е „најкорумпираната во историјата“ на земјата.
„Администрацијата Обама-Бајден беше најкорумпираната во историјата, вклучувајќи го и фактот што беа фатени како ја шпионираат мојата кампања, најголемиот политички скандал во историјата на нашата земја. Тоа се вика предавство и многу повеќе. Благодарам за вашите многу љубезни зборови Мишел“, напиша Трамп во твит.
Поранешниот претседател го обвини Трамп дека е повеќе загрижен за победа на изборите отколку за зачувување на здравјето на нацијата, додека поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, го прекори актуелниот претседател за време на нејзиниот говор на Демократската национална конвенција, тврдејќи дека Трамп е „погрешен претседател” и дека е во тешка ситуација од која не може да излезе.
The ObamaBiden Administration was the most corrupt in history, including the fact that they got caught SPYING ON MY CAMPAIGN, the biggest political scandal in the history of our Country. It’s called Treason, and more. Thanks for your very kind words Michelle!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 18, 2020