Денеска Доналд Трамп, претседателот на САД, ја предупреди Кина да не чека до истекот на неговиот прв мандат за да финализира каков било трговски договор, затоа што доколку победи на претседателските избори во ноември 2020 година, условите за нов договор ќе бидат далеку полоши или ќе нема договор.
…to ripoff the USA, even bigger and better than ever before. The problem with them waiting, however, is that if & when I win, the deal that they get will be much tougher than what we are negotiating now…or no deal at all. We have all the cards, our past leaders never got it!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 30, 2019
„Проблемот со тоа што чекаат… е дека, ако и кога ќе победам, договорот што ќе го добијат ќе биде многу построг од она за што во моментов преговараме… или воопшто нема да има договор“, напиша Трамп на Твитер, со почетокот на новите трговски преговори меѓу Кина и САД во Шангај.
Трамп рече дека се чини како Кина да се повлекува од ветувањето дека ќе купи американски земјоделски производи, за што американските власти велат дека би било знак на добра волја и дел од самиот конечен договор.
„Кина требаше до сега да почне да ги купува нашите земјоделски производи, но нема индикации за тоа. Тоа е проблемот со Кина, не го завршуваат она што треба“, напиша Трамп во низата објави на Твитер.
China is doing very badly, worst year in 27 – was supposed to start buying our agricultural product now – no signs that they are doing so. That is the problem with China, they just don’t come through. Our Economy has become MUCH larger than the Chinese Economy is last 3 years….
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 30, 2019
Делегации на Кина и на САД ќе се сретнат денеска и утре во Шангај за обновување на трговските преговори.
Тоа се првите тет-а-тет разговори од примирјето во трговската војна меѓу двете најголеми светски економии, кое претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг го договорија на средбата на Форумот на Г20 во Осака минатиот месец.
Очекувањата за постигнување напредок се мали. Претставници на властите и бизнисот се надеваат дека Вашингтон и Пекинг ќе успеат да ги утврдат своите ангажмани за „гестови на добра волја” и да го расчистат патот за идни преговори.
За повеќе од една година, двете најголеми економии во светот воведоа меѓусебни давачки за увозот за милијарди долари. На самитот во Осака, Трамп и Си договорија обновување на преговорите за решавање на трговските несогласувања, кои прекинаа во мај, откако Вашингтон го обвини Пекинг дека се повлекува од претходно договорените точки.