Американскиот претседател Доналд Трамп оцени во вторникот дека хаотичните избори на Демократската партија во сојузната држава Ајова се „целосна катастрофа“, откако објавувањето на резултатите беше одложено на неодредено време.
Неколку часа откако гласачите на Демократската партија се изјаснија на речиси 1.600 гласачки собири (анг. caucus) одржани по училишта и други јавни простори, претседателот на партија во Ајова, Трој Прејс изјави за новинарите дека резултатите може да се очекуваат во текот на вторникот.
Ајова е првата сојузна држава во која се одржуваат предизборите и се смета за важен показател за натамошните шанси на кандидатите за претседателската номинација.
Партијата објави дека мора да спрведе контроли откако се утврдени „недоследности“ во објавувањето на резултатите од избирачките меса, што предизвика фрустрираност меѓу демократите и критики од републиканците.
Избирачите бираа меѓу 11-те кандидати. Фаворит во оваа главно белечка и рурална сојузна држава е радикално левиот сенатор Берни Сандерс од Вермонт, а главни ривали му беа поранешниот потпретседател Џо Бајден, поранешниот градоначалник Пит Бутиџич и помалку левата сенаторка Елизабет Ворен од Масачусетс.
Партиските функционери изразија увереност дека ќе добијат точни резултати од гласањето, коешто ќе бидат потврдени и со пишана трага.
Трамп оцени дека демократските предизбори се „целосна катастрофа“ „Ништо не функционира, како и кога ја водеа земјата“, додаде претседателот.
Трамп, според прелиминарните резултати, кај републиканците овој пат победил со 90 отсто од гласовите.
Ваквата ситуација потсетува од времето на претходните демократски предизбори во 2016 година, кога Сандерс се жалеше на опструкции од врвот на партијата во полза на неговата главна конкурантка Хилари Клинтон. Тогаш WikiLeaks објави хакирана тајна преписка меѓу челниците на Демократската партија во која беа објавени насоки како да се контактира со гласачите на партијата и со уредниците на весниците за да се оцени Берни Сандерс.
Слични проблеми имаше и Републиканската партија во Ајова во 2012 година, кога Мит Ромни беше прогласен со 8 гласови разлика, за партијата две седмици подоцна да објави дека победил всушност Рик Санторум со 34 гласови предност. На крајот, сепак, победник беше Мит Ромни.